Што е потребно за да се победи на локални избори во прв круг?

За победа во првиот круг од локалните избори потребно е најмалку една третина од регистрираните гласачи да излезат на гласање во конкретната општина и еден од кандидатите да освои мнозинство гласови.

Оние што нема да бидат избрани на 17 октомври, ќе ја продолжат битката во вториот круг закажан за две недели подоцна.

Изборниот законик вечи дека победник е, одностно станува градоначалник, оној кој ќе добие мнозинство гласови од избирачите што излегле на гласање, но излезноста е најмалку една третина од вкупниот број регистрирани гласачи во Избирачкиот список за соодветната општина.

Доколку во првиот круг на гласање за избор на градоначалник на општината, односно градоначалник на град Скопје, не излезат една третина од вкупниот број гласачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка за соодветната општина, се предвидува во законот.

Доколку ниту еден од кандидатите нема мнозинство гласови, тогаш вториот круг се одржува во рок од 14 дена, што во овој случај тој е на 31 октомври. Треба да се знае дека во вториот круг одат само двајцата кандидати кои имале најмногу гласови во првиот круг, а победува оној што добил најмногу гласови.

Изборот на советници се затвора во првиот круг, а нивната распореденост се пресметува според Донтоновата формула.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.