Ocновното jaвно обвинителcтво Велec отвopи пpeдмет по допpeн глac по обjaвите во медиyмите и jaвното cooпштение на Митpoполитот Агатангел и Повapдарската Епapxиja, со кое ги повикува вepниците на мacовно одење во xpaмовите за време на вepcкиот пpaзник Дyxoвденска Задyшница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта, соопштија од ОЈО.
„Велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија, велат од ОЈО.
Повардарската епархија, на чело со владиката Агатангел, денеска ги повика православните верници од местата кои се под таа епархија во петок и сабота да одат во црквите, бидејќи има забрана за одење на гробишта за Задушница.
„Поради новонастанатата ситуација и со воведувањето на полициски час, како и со целосната забрана за посета на гробни места од страна на надлежните, по повод православниот празник Духовденска задушница, Повардарска православна епархија ги повикува своите верници да ги посетат храмовите.
Православните христијани ќе можат да ги посетат православните храмови во петок и сабота во период од 08:00 до 14:00 часот, се вели во соопштението на Повардарска епархија.