Читател ни испрати фотографии од еден од новите прилепски автобуси за јавен градски превоз забележат на патарината пред Скопје.
Овој автобус е еден од четирите кои за вредност близу од 1 милион евра ги набави Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при Општина Прилеп.
Останува нејасно што бара автобус од прилепскиот јавен градски превоз во Скопје. Дали автобусот е однесен на сервисирање и дали има некој дефект?
Инаку набавката на овие автобуси ги следеа низа контроверзии и сомнежи на кои реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, од каде посочуваа дека за набавката на автобусите не бил објавен меѓународен тендер.