Политичките елити го претворија Прилеп во дупка и дно во последните 10 години, доста е сликање, време вистински да се работи, Прилеп заслужува многу повеќе – порача преку Фејсбук статус новинарот од Прилеп, Дарко Штаргоски.
Неговиот Фејсбук статус во целост го пренесуваме во продолжение:
“Недела, ден за одмор, релаксација, прошетка. Одиш во Битола и си викаш грешка во матриксов да не е нешто, Прилеп си или Битола.
Пола град таму. Кој по молови, кој на санкање и скијање Нижеполе или Пелистер, а Широк сокак ко под Сатон да си исто. Кафани, кафичи преполни…
Освен прилепчани за странски туристи, Турци, Грци… да не прајме муабет колку има.
Ова чисто за потсетување која дупка и дно не направија политичкиве елити во последниве 10 години, та на централно, та на локално ниво.
Муабетов е, доста беше сликање по разно разни настани, чунки се озрачивме, туку вистински да се одврзат ракавиците и конечно да се работи. Прилеп заслужува многу повеќе!!!
П.с. Пресметал некој во текот на само еден викенд колку пари завршуваат само во Битола по ваква основа?”
























