Фејсбук статус на новинарот од Прилеп и дописник на “Сител ТВ”, Дарко Штаргоски
За да не пишувам повеќе постови ќе си пишам се шо мислам за денеска тука во еден пост.
Прво. 100 дена отчет на локалните самоуправи. Граѓаните искрено очекуваа многу повеќе. Не дека не знам колку време помина, ама некаде да не речам скоро ништо и да не е направено. Шо е проблемот незнам. Ако се внатрепартиски препукувања и внатрепартиски сопки, да си ги решите и тоа итно, оти граѓаните не се должни да трпат заради вас.
Општината е на народот. Ако нема пари во буџетите на општините, бидејќи станува збор за наши народни пари, редно е после толку време да излезете јавно и да кажете кој, каде и како ги потрошил. Ако пак станува збор за сосема друг проблем и него слободно кажете го. А најстрашно од се е ако не се знае како треба да се работи.
Второ. Прилепскиве партии еднаш засекогаш да научат дека прес конференција се држи со присуство на новинари, а не со партиски сниматели и потоа истата да се препрати по меил до медиумите. Не се плашете, новинарите не касаат, само поставуваат прашања на кои треба да се одговори. Ништо страшно, ако не сакате нешто скриете, нели? Нема лоши прашања, има само лоши одговори!
Трето. Добро бе, како може Владава да вели не е проблем да се пишат Бугарите во нашиот Устав, а тие не признаваат постоење на Македонци во Бугарија. Како тоа нема проблем? Има проблем! И тоа голем проблем. Кај нас Бугари нема или се бројат на прсти, а кај нив реално постојат и има Македонци.
Само вие се правите на будали и го распродавате нашето достоинство кај ќе стигнете. Македонија е на народот, а не на партиите.