Штавица денес го празнува големиот празник

brodicapra

Денес православните христијани го празнуваат денот Рожденство на мајката Божја Пресвета Богородица. Празнувањето на ваквите големи празници има посебна традиција во Прилеп и прилепско и е од огрoмно значење за граѓаните.
Луѓе од сите страни се упатуваат кон храмовите и принесуваат дарови и молитви кон мајката божја за здравје, за спасение.
Традиција за празнување на овој свет ден постои и во црквата Рожденство на Пресвета Богородица во село Штавица, прилепско Мариово.
Штавица се наоѓа на југоисточната страна од Прилепско Поле и е оддалечено 18 км од градот. Оваа локација го привлекла вниманието и на македонските филмаџии, меѓу кои и режисерот Милчо Манчески, кој тука ги снимил познатите Пред Дождот и Прашина. Па поради тоа селото е познато и како Мал Холивуд. Црквата во селото датира од 1881, а поновата градба е издрадена токму за потребите на филмот Прашина.
За овој ден храмот во село Штавица изобилува со многу гости и посетители. Луѓето доаѓаат на утринска литургија, палат свеќи за здравје и со ручек и песна го слават името на мајката Божја.

Редакција на markukule.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.