Шеесет и двегодишна Шпанка, Лина Алварез роди здраво девојче, објавија шпанските медиуми медиумите.
Девојчето, кое е родено со царски рез во градот Луго во северозападната шпанска покраина Галиција, веќе доби името по нејзината мајка – Лина.
Малата Линда е зачната преку ин витро во Мадрид, а нејзината мајка, која и самата е лекар, изјави дека е многу среќна поради „чудото кое се случило“.
Инаку, малата Лина има двајца постари браќа на возраст од десет и 27 години.