Селекцијата на Шпанија е нов европски првак откако во финалето на Евробаскет ја совлада Литванија со 80:63.
Шпанија сосема заслужено по четири години се врати на врвот на европската кошарка. Во финалето не дозволија никаква резултатска неизвесност, па од самиот почеток на мечот најавија дека тие ќе го кренат пехарот.
Најдобар во таборот на новиот европски првак беше Пау Гасол со дабл-дабл учинок од 25 поени и 11 скокови, а Фернандез постигна 11. Кај Литванија Сеибутис и Калниетис постигнаа по 13.
Двете селекции обезбедија директен пласман на Олимписките игри во Рио.
Во битката за бронзениот медал, селекцијата на Франција ја совлада Србија 81:68.