Новак Ѓоковиќ победи на сојузниот суд на Австралија, но тоа не гарантира дека ќе остане и ќе игра на Грен слем турнирот Австралија Опен.
Австралијците повторно го апсат за да го депортираат. Ако Новак се пожали и загуби, три години нема да може да влезе во Австралија.
Шпанскиот тенисер даде изјава во која рече дека не би сакал да го види Ѓоковиќ на првиот Грен слем сезонава.
– На спортски план повеќе би сакал Новак да не игра. Но, судот го кажа своето и јас ја почитувам одлуката – изјави тој за шпанските медиуми.