Шофepoт на гpaдоначалникот пpeдвреме пpoгласи победа на СДCM во Пpилеп и се закани кон ВМРО-ДПМНЕ?

Крсте Дуковски, шоферот на градоначалникот на општина Прилеп и еден од најголемите поддржувачи на СДСМ во градот, предвреме прогласи победа на неговата партија во Прилеп

Дуковски на својот Фејсбук профил јавно напиша дека СДСМ во моментов водела со 1.500 гласа разлика во Прилеп во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа следувало демонтажа на режимот….

Минатата година СДСМ загуби со околу 1.600 гласа во вториот круг на претседателските избори во Прилеп, а одтогаш до денеска не е реализирано ниту едно од капиталните ветувања во предизборните програми на градоначалникот и Владата за градот под Марковите Кули.

Сепак, Дуковски е еден од ретките истакнати членови на СДСМ кои сметаат дека им претстои победа.

Дали ќе биде така, или СДСМ ќе загуби многу повеќе од пред една година, останува да видиме за десет дена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.