Maкедонија го заврши својот настап на 15-то Европско првенство во ракомет, каде забележа три порази од Словенија, Црна Гора и Данска.
И покрај трите порази популарната македонска “Фаланга” до последен момент ги бодреше избраниците на селекторот Кирил Лазаров.
На тоа сведоци беа и Данците синоќа од кои загубивме со 10 гола разлика, но тоа не беше причина за македонската навивачка армија громогласно да ги поздрави нашите момци.
Дури и данскиот голман Николас Ландин го сними навивачкото шоу на македонската “Фаланга” и објави на неговото стори на Инстаграм.