Од неодамна во Прилеп се отвори најголемиот маркет Стибера. Сместен на излезот од Прилеп кон Македонски Брод, маркетот Стибера е местото каде можете да најдете се за сечиј вкус. За одличен шопинг во престојниот викенд ви го препорачуваме токму овој маркет за да ги задоволите сите ваши потреби.
Мега маркетот Стибера се состој од два ката од кои првиот изобилува со огромен асортиман на производи за домашна потрошувачка. Вториот кат е наречен home centar и нуди секакви производи за домаќинството, порцеланска програма, пластика, детски играчки и што ли уште не.
На прв план впечаток остава огромниот паркинг простор, како и детското катче за занимација на вашите деца додека пазарите. Внатре во маркетот ќе се изненадите од гостопримството на вработениот персонал и нивната љубезност, што со сигурност ќе ве натера да се вратите пак.
Инвеститорот мислел на добриот амбиент во овој би го нарекле шопинг центар и прекрасно ја уредил внатрешноста, сакајќи да ви овозможи да се чувствувате прекрасно и со насмеани лица да ги наполните корпите за пазарење.
Маркетот Стибера е вистинска реткост во целиот регион, а ниските дисконтни цени и дел од производите кои можат да се најдат само на ова место го прават примамлива дестинација целото население во Прилеп и околијата.