Виетнамецот Ма Ван Нат цели 18 години живеел со хирушки ножици во стомакот !
Оваа несекојдневна грешка на лекарите се случила кога тие го оперирале и заборавиле да ги извадат ножиците. Ма Ван Нат (54) имал операција уште во 1998 година. Меѓутоа, хирурзите кои тогаш го оперирале воопшто не биле внимателни па ги оставиле ножиците во неговиот стомак и така го отпуштиле од болница.
Бидеќи неодамна му се појавиле болки, човекот заминал на лекарски преглед за да провери за што станува збор. На рендген е откриено дека во стомакот има хирушки ножици од 15 центиметри должина. Лекарите веднаш го подготвиле за нова операција и му ги остраниле ножиците.
Операцијата за отстранување на ножиците траела 3 часа.
Ф.Г.