ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА ЛЕГИЈА: Вистинскиот убиец на Џинџиќ побегна во Лондон

Екс командантот на Единицата за специјални операции (EСО) Милорад Улемек Легија, кој поради убиството на Зоран Џинџиќ е осуден на 40 години затвор, после интервјуто кое го даде за неделникот Експрес, ја крена на нозе цела Србија. Во него вели дека Ѕвездан Јовановиќ не го убил тогашниот премиер на Србија, туку вистинскиот убиец, час време после атентатот на 12-ти март 2003 година, побегнал во Лондон.

ghfretdd

Тој од затворот кажува дека има доверливи информации дека убиецот на Џинџиќ, во автомобил со дипломатски таблици стигнал на аеродромот и отишол од Белград, пренесува Информер.

Еве уште некои најинтересни делови од интервјуто на Легија, кои за сега се достапни за јавноста:

  • Не постои ниту еден материјален доказ дека Ѕвездан Јовановиќ за време на атентатот се наоѓал на улицата од каде се тврди дека е извршен атентатот. Да дозволеа да се изврши реконструкција, јасно би се видело дека на Џинџиќ не е пукано од таа улица. Тоа и ним им беше јасно, па бегаа од реконструкција, како ѓавол од крст.
  • Изјавите од Ѕвездан Јовановиќ се земени со измама и под уцена. За тоа на судењето се изјасни Родољуб Миловиќ, кога рече дека преку својата свеска му диктирал на Ѕвездан што да каже. После тоа постоеше приказна дека Ѕвездан го замилил него да му помогне, околу исказот, затоа што тој не се сеќава, па потоа Рочко му читаше од бележниците. Па чекај, кој е овде луд?
  • Првиот куршум го погоди Џинџиќ, само не од тој правец за кој тврди обвинителството. Другиот куршум го рани Милан Веруовиќ, додека третиот заврши во ѕидот кај вратата од зградата на Владата. За тоа сведочеа сите од обезбедувањето кои тогаш беа на лице место. И сега тие се луди, измислуваат? Па тој Веруовиќ беше спремен да загине за премиерот. Доби куршум, а тие потоа го прогласија за луд. И секако клучот е во првиот куршум, тој беше од поголем калибар, од оној кој го погоди Веруовиќ, но добро, што знам јас.
  • Еден припадник на Службата кој бил стациониран на аеродромот ми испрати порака дека час време после атентатот на Џинџиќ лице со иницијали Н.Н. влегол на аеродромот од споредната врата, со автомобил со дипломатски таблици на британската амбасада и без никакви најави одлетал за Лондон. Иста таква потврда добил и една недела подоцна од еден припадник од јавната безбедност на аеродромот.
  • Знам само дека Џинџиќ не е убиен од фамозната пушка која се обидоа да ја протнат на судењето. Не постои материјален доказ дека премиерот е погоден од таа пушка. Дури ни експертите од Визбаден не можеа да го потврдат тоа.
  • Не е тајна дека Англичаните ја раководеа Србија. Всушност министерот Душан Михајловиќ беше нивни пулен. Секој извештај кој пристигнуваше до него се предаваше до одредени луѓе од британската амбасада.

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.