Говореќи пред неколку дена на манифестацијата на својот пријател “Отворена Русија”, Џорџ Сорос изјави дека Русија за скоро време ќе стане светска сила, но истовремено говореше за распадот на Европската Унија.
Но од каде вакви комплементи од довчерашниот најголем непријател на Русија?
Одговорот е едноставен, Џорџ Сорос одлучил повторно да игра голема улога, а неговата нова игра е Русија.
Треба да се напомене дека претходниот проект на стариот измамник во Украина забрзано пропаѓа, па не може сите измами да донесат хиперпрофит.
Манифестацијата на која говореше Сорос, била организирана од страна на рускиот олигарх Михаил Ходорковски. Неговото богатство се проценувало на околу 15 милјарди долари, меѓутоа голем дел од него му било конфискувано од страна на руската држава.
Ходорковски кој е познат непријател на Владимир Путин овој пат случува сојуз со унгарскиот мултимилјардер Сорос. Овој сојуз е склучен со цел финансирање на новата најавена “руска револуција” во 2017 година.