Поголемиот број на воени старешини кои учевствувале во обидот за државен удар во Турција се од албанско потекло, пренесуваат албански портали.
Од вкупно 29 уапсени генерали и полковници дури 25 се од албанско потекло, меѓу кои и бивши командантот на воздухопловните сили на Турција, генералот Акин Озтурк и командантот на Втората армија, генералот Адем Худути, кои имаат потекло од Косово.
Meѓу главноосомничените за државниот удар е и пилотот Јусуф Курт, кој го сруши рускиот воен авион, а кој е по потекло од селото Букороц кај Призрен.
Една од организаторите на воениот удар е и генералот-потполковник Метин Идил, која е исто така од албанско потекло.
Албанските портали наведуваат дека Худути пред преземањето на командата над турската Втора армија, ги командувал единиците на границата со Русија и Грција, како и тоа дека бил на чело на турските сили во Авганистан.
Худути е роден во Речани, во близина на Призрен, а неговото семејство се преселило во Турција кога имал пет години, додека пак Остурк е со потекло од Косовска Митровица.
А.Г.