Се подготвуваат сериозни промени во европскиот фудбал! “Football Leaks” открива дека 16 клубови сакаат да оформат ново натпреварување кое практично ќе ја уништи “Лигата на шампионите”.
16 најмоќни клубови протпишаа договор за основање на нова лига. За три години ќе стартува новото натпреварување – Суперлига. Како би настапувале во ова натпреварување, клубовите ќе мора да излезат од УЕФА, што практично значи уништување на “Лига на шампиони”.
Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Јувентус, Челси, Арсенал, ПСЖ, Манчестер Сити, Ливерпул и Милан ќе бидат основачи, а гости ќе бидат Атлетико Мадрид, Дортмунд, Олимпик Марсеј, Интер и Рома. Овие клубови ќе настапуваат во првата сезона на Суперлигата.
Не само што Лига на шампион ќе падне на рангот на второкласно натпреварување, туку значително ќе ги “раздрма” и домашните шампионати.