ШОКАНТНО! Медицинска сестра се тетерави пијана во болница – директорот вели, не е прв пат (ВИДЕО)

Српскиот портал “Jужни вести” објави видео кое го направил жител на Ниш во Клиничкиот центар во тој град, а на видеото се гледа медицинска сестра која фрлила некоја чашка.

Видеото кое пристигнало до редакцијата на “Јужни вести”, а го испратил загрижен граѓанин, се гледа жена во бела униформа, најверојатно медицинска сестра, која според тоа што го зборува се обидува пациентот да го одведе до лабораторијата на новиот Клинички центар, но во тоа тешко се снаоѓа.

Новинарката од “Jужни вести” видеото го проследила до директорот на Клиничкиот центар, а тој рекол дека не знае за која жена се работи, бидејќи лицето и е скриено, па не можел да потврди дали е вработена во Клиничкиот центар.

Тој додал дека и претходно пациенти се пожалиле дека поединци од персоналот во центарот биле под дејство на алкохол.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.