Припадник на безбедносните сили на МВР објави шокантна информација на својот Фејсбук профил.
На прв поглед ќе помислите дека се работи за гумени бомбони, налик на оние во кои сите уживавме во детството, но вистината е сосема поинаква.
“На лик изгледаат како бомбони за дечиња, всушност се нова синтетичка дрога од видот “екстази”. Циркулираат на ниво на Балканот и во Македонија и се доста опасни по животот на човекот. Не секоја бомбона е слатка, некои се дури и “преслатки”.. Внимавајте”, напиша припадникот на МВР на својот Фејсбук профил.
Тој во својата објава додава дека “бомбоните” циркулираат низ Балканот, но и во Македонија.