Шокантно: Има 13 години, изгледа како да има 8, а веќе е татко

alfi2

Тринаесетгоишниот Алфи, кој изгледа како да е осумгоишник стана татко откако неговата девојка Шанел Стедмен ја родила Мејси Роксен.

Тој кажал дека тој и Шантел (15) одлучиле таа да не  абортира, кога откриле дека е бремена.
Ова срамежливо момче, чиј глас сеуште не е оформен, вели:

-Мислам дека би било добро да имаме бебе. Не сум размислувал за тоа како се ќе си дозволиме. Јас баш и не добивам пари за трошење, понекогаш  татко ми ми дава 10 фунти.

alfi3

alfi1

Алфи додава:

-Кога дозна мајка ми, мислев дека ќе бидам во неволја. Сакавме да имаме бебе, но само се грижевме како ќе реагираат. Не знаев како е да се биде татко. Ќе бидам добар бидејќи сакам.

Оваа приказна крена голема прашина, а дури се огласи и Дејвид Камерон кој рече дека родителството е последната работа на која треба да се мисли во тие години.

– Кога ги видов утрово фотографииве, помислив како ова е загрижувачки денес во Британија децата да имаат деца. Се надевам само дека овие деца ќе станат одговорни родители, но вистината е дека родителството е последната работа на која треба да се мисли во тие години.

alfi-650x396




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.