Седумгодишното девојче се враќало со својата мајка од училиште во округот Нјеху на Тајван кога 33-годишен маж, се обидел да ја киднапира на улица.
Почнал да ја влече за чанатата, а нејзината мајка со надприродна сила, борејќи се како лавица, ја истргала својата ќерка од рацете на киднаперот.
На снимката која ја објавила полицијата се гледа како човекот чека пред ресторанот, а пота се обидува да го земе детето.
Борбата со мајката траела околу една минута, а потоа на мајката во помош и дошле вработените и гостите од ресторанот, кои го натерале напаѓачот да го пушти девојчето.
После тоа тој избегал, но полицијата му влегла во траг и го уапсила.
Мајката раскажала дека напаѓачот дури се обидел да ја задави нејзината ќерка. Истрагата е во тек, а напаѓачот е испратен на медицинска проценка да се утврди дали е ментално здрав.