Иако вегетеријанците истакнуваат дека нивниот начин на исхрана е подобар и здрав, научниците не сметаат така.
Научници од Универзитетот во Грац во Австрија тврдат дека вегетеријанскиот начин на исхрана е всушност лош по здравјето.
Вегетеријанците имаат послаб имунитет, поради што се често болни, за разлика од луѓето кои конзумираат месо, но и помалку пијат алкохол, пушат цигари и повеќе вежбаат.
Освен тоа, вегетеријанците често заболуваат од рак, алергии и срцеви болести а се соочуваат и со психолошки проблеми, многу повеќе од останатите луѓе.
Истражувањето покажало дека вегетеријанците имаат 166% поголем ризик да заболат од рак за разлика од луѓето кои јадат месо и 150% да добијат срцеви болести.
Исто така двојно поголема е веројатноста дека ќе се соочат со депресија или анксиозност.