Победа го доби дуелот со тетовчани од 31-то коло во македонската прва фудбалска лига. Со голот на Станиќ во 26-тата минута, прилепчани стигнаа до важни три бода во борбата за избегнување на последните две места на табелата кои водат директно во понизок ранг на натпреварување.
Шкендија дезориентирана и без некаков посебен жар го одигра натпреварот во Прилеп, каде речиси исполнетиот стадион на Могила беше дополнителен ветар во грбот на мотивираните победаши.
Следуваат последните 5 кола кои ќе бидат доста интересни и неизвесни до самиот крај. Иако шампионот и патниците во еврокуповите се речиси познати, понезивесна ќе биде борбата за опстанок и борбата за избегнување на местото за бараж.
Победа моментално се наоѓа на осмата позиција на табелата, место што значи бараж на крајот од сезоната со третопласираниот во втората лига. Но, овој триум над Шкендија значи дека прилепскиот клуб може да оди место погоре, особено ако се има во предвид фактот дека во наредното коло, Победа му гостува на Шкупи, па со триумф и на овој меч, прилепчани ќе се доближат на само еден бод до седмопласираниот клуб од скопски Чаир.
A.Г.