“Широк Сокак умира”: Кафулињата во градот на конзулите затвораат едно по едно?! (ФОТО)

Битолчани се жалат дека им пропаѓа најпопуларното шеталиште, „Широк Сокак“
Велат дека не знаат од кои причини но во последниве месеци, трите најпопуларни кафулиња ставиле клуч на врата.

Последно, како што јавуваат локалните битолски портали, затворило кафулето „Конект“.

Претходно, во краток временски период, клуч на врата ставиле и кафулињата Инстинкт“ и “Игучи“ со што значително се намалила понудата за забава и разонода на една од најпопуларните пешачки улици во Македонија.

Поради тоа битолчани поставија и транспарент на кој пишува:

“ШИРОК СОКАК УМИРА”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.