Шилегов: Убеден cyм, многу, многу членови на BMPO-ДПMHE ќе глacaaт за мене

Градоначалникот и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов вели дека никој во Скопје не верувал оти ќе може толку проекти да се направат за четири години. Во гостувањето на Канал 5 рече дека многу проекти се доведени до точка од која нема враќање.

-Кога никој не веруваше дека можеме да ја завршиме Пластичарска, ние ја завршивме. Кога никој не веруваше дека може да се пробие ридот кај касарната Илинден, ние го завршивме и имаме булеварско решение со велосипедски патеки. Имаме прв булевар којшто излегува на скопската обиколница, тоа е булеварот АСНОМ…, рече Шилегов.

Тој е убеден дека за него ќе гласаат и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не знам и не верувам дека мои поддржувачи ќе гласаат за госпоѓата Арсовска, но убеден сум дека токму тоа што го направивме во изминатите четири години, многу, многу членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за мене за градоначалник, додаде тој, на прашањето дали е можно дел од членовите и симпатизерите на СДСМ на претстојните избори да гласаат за неговата конкурентка, Данела Арсовска, која е кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.