Петре Шилегов, по мај мината година кај народот познат и како Камај Камај, денеска беше во посета на Брвеница. За потсетување, за време на немилите настани од 9 мај во Диво Насеље, Шилегов се шегуваше на својот Фејсбук профил, пост кој налути многумина и не остана незаборавен.
Портпаролот на најголемата опозициска партија која претендира да дојде на власт, тогаш напиша:
„Како мал не му давале да си игра #камај, па сега мора тоа да го изживее.
Не знам дали му кажале, дека во #камај имаше и еден термин кога ќе те фатат.
Тогаш на фатениот му се се викаше #жив…”
Шилегов тогаш се исмеа со полицајците кои ја бранат државата.
Ова негово шегување, денеска не остана неказнето од граѓаните на Брвеница.
Имено, Шилегов бил избркан од страна на жителите и локалните дуќани во Брвеница, па тој морал да се крие во земјоделска аптека која е во сопственост на член на СДСМ.
За потсетување, во немилите кумановски настани Брвеница изгуби двајца македонски синови, а четворица од осуммината загинати припадници на безбедносните сили во акцијата во Диво Насеље беа токму од шестата изборна единица.
Извор: КУРИР