Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на преминот од старата во новата година доживеа јавно посрамотување откако на плоштадот Македонија беше жестоко исвиркан од гостите на новогодишната прослава на градот Скопје, објави порталот Експрес.
-Шилегов кој на една минута пред нова година го зеде микрофонот од пејачот на Парни Ваљак Аки Рахимовски и почна да зборува, доби свирежи и погрдни извици од кои најголем дел не се прикладни да се споменат овде, пишува порталот.
Свирежите продолжија и откако Шилегов по огнометот повторно го зеде микрофонот но вториот пат беше многу краток и само ја честиташе новата година на присутните.
ВИДЕО: ЕКСПРЕС.MK