Шилегов е “мега чобан”: Сопственикот на архитектонското студио кое ја дизајнираше Универзална сала со коментар за Шилегов

Петре Шилегов е „мега чобан“, односно „оформен сељак“ – коментира сопственикот на архитектонското студио „Стоун Дизајн“ Стојан Павлески како одговор на дисквалификациите на градоначалникот на градот Скопје за проектот за нова Универзална Сала.

Иако едно од основните ветувања на Шилегов во неговата кампања беше дека во рок од две години ќе ја заврши новата Универзална Сала. Проект, кој се уште не е ниту во почетна фаза на изработка иако претходната градска администрација остави готов проект.

Проектот на „Стоун Дизајн“ предвидуваше новиот дизајн да биде во форма на јајце, а дополнително да има идејно решение за повеќе сцени, но и сопствен паркинг простор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.