“Режимот” на ВМРО-ДПМНЕ и “диктаторот” Никола Груевски ги довеле на питачки стап првите луѓе на СДСМ. Радмила Шеќеринска, Зоран Заев, Хари Локвенец и Петре Шилегов се “соголени” до гола кожа, а “режимот” не им оставил ни за леб.
Доказ за тоа се нивните Анкетни листови за имотната состојба која ја поседуваат доставени до Државната комисија за спречување корупција. Вреден подвижен и недвижен имот, хартии од вредност и дебели банкарски депозити се дел од нивните анкетни листови.
Секојдневните пресконференции на првите луѓе на опозицијата по медиумите дека во Македонија функционира “режим” кој мора да се урне, очигледно биле манипулирање на јавноста и поигрување со разумот на граѓаните.
Потпаролот на СДСМ Петре Шилегов најмногу се истакнува помеѓу овие неколкумина “осиромашени од режимот” опозиционери.
Златен накит и часовници во вредност од само 8 милиони денари се дел од неговиот анкетен лист, како и уметнички слики во вредност од 3 милиони денари.
Првите луѓе на опозицијата поседуваат и високи банкарски депозити, какви што не поседуваат најголемиот број граѓани во државата, а инвестирале и во хартии од вредност.
Ова е дел од нивниот имот:
Но, дали е ова се што поседуваат, бидејќи не се софпаѓа со нивните искази за имотната состојба?!