Шеф од српската полиција со шокантни детали: Данка се разбудила во автомобилот, па ја удавиле

Откако ја удриле Данка со својот автомобил, помислиле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило, изјави Чмолиќ.

Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ ја убиле малата Данка Илиќ (2), а најновото откритие од истрагата ја шокираше јавноста. Шефот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Чмолиќ обелодени шокантно откритие.

Имено, откако ја удриле Данка со својот автомобил, помислиле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и во еден момент се разбудило.

-Според нивните изјави застанеле да уринираат во близина на куќата. Подоцна, кога продолжиле, ја удриле Данка и потоа ја ставиле во багажникот. Чудното движење на нивното возило било снимено на ГПС. Нивните искази не се поклопуваат за давењето на детето, бидејќи детето се разбудило додека возеле, а сопатникот ја задавил Данка. Но, тие не можат да се договорат кој го давел според дадените изјави. Јасно е само дека подоцна ја фрлиле во депонија, изјави началникот на српската полиција.

Тој додаде дека деноноќно се собираат докази.

-Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат со деталите за ударот, но не се усогласени за вистинското убиство на детето. Данка била во несвест откако ја удриле со автомобил, а мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила. Едниот ја удавил и на крајот ја фрлиле на депонијата, изјави Чмолиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.