Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адхамон Гебрејесус, изјавил дека би било опасно да се помисли дека многу зapaзниот омикpoн сој е последниот кој ќе се појави во светот и дека тоа е кочницата на пандемиjaта и оценил дека моменталните услови се идеални за појава на уште соеви.
Меѓутоа, Гебрејесус додал дека е можно оваа година да дојде до крајот на акутната фаза на пандемиjaта, каде ковид претставува глобална здравствена ургентна зakaна, под услов стратегиите и помагалата како што се тестови и вакцини да се искористат на вистински начин.
Зборувајќи на отворањето на состанокот на извршното тело, Тедрос рекол дека омикрон сојот е откриен пред речиси 10 недели, а дека од тогаш во светот се забележани 80 милиони случаи, повеќе отколку во цела 2020-та година.
„Условите се идеални за појава на уште соеви“, додал тој.
Тедрос истакнал дека можеме да ставиме крај на koвид-19 како глобална здравствена вонредна ситуација и дека тоа можеме да го направиме оваа година, така што ќе ги исполниме целите како вakцинација на 70 проценти од населението до средината на оваа година.
„Вистина е дека ќе живееме со koвид-19 во догледна иднина и дека ќе мораме да научиме да управуваме со него преку одрлжив и интегриран систем за акутни респираторни болecти за да можеме да се подготвиме за идните пандемии“, рекол Тедрос.