Шест турски воени авиони упаднаа во Грција

Најмалку 6 турски воени авиони утрово упаднале во воздушниот простор на Грција, објавуваат грчките медиуми повикувајќи се на воени извори. Според информациите, најмалку два од авионите биле вооружени.

avioni-voeni

Грчките медиуми јавуваат дека формацијата од шест авиони на турската армија влегла во воздушниот простор на североистокот на Егејското Море без дозвола од официјална Атина.
Инцидентите на грчкото небо зачестија со оглед на фактот дека Турција не признава дека зоната од околу десетина километри над островите во Егејското Море и припаѓа на Грција.

Турската армија е десетта најсилна армија во светот и поседува повеќе од 1000 борбени авиони од кои 300 повеќенаменски ловци кои ги произведува по американска лиценца.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.