Шесто издание на “Крали Марко Треилс” – Почувствувај ја легендата, истрчај го митот

_mg_5689

На 24 и 25 септември оваа година со старт и финиш во прилепскиот Варош ќе се одржи шестото по ред и досега најмасовно издание на најголемата македонска ултрамаратонска трка Крали Марко Треилс, „По Стапките на Крали Марко”.

_mg_5695

„Учесниците ќе имаат цели 22 часа да ја завршат 90 километарската делница полна со голем број врвови, ридови, села и манастири. Следниот ден на 25.09 во 10 часот наутро е закажан стартот на 16 и 31 километарските трки на кои се пријавени 310 учесници, посочи Игор Јовановски од здружението за планинско трчање TREX и ПСД Макпетрол – Скопје

_mg_5690

Во сабота, на 24-ти во 23 часот со старт од амфитеатарот во Варош, ќе започне најдолгата трка „Крали Марко Ултра Треил“. „Градоначалникот Ристески ги покани граѓаните да бидат дел од овој настан, а покрај трките за возрасни истакна дека ќе се одржи и трка за најмладата популација насловена Маркукуле Треил во должина од 1 километар“.

Крали Марко Треилс е повеќедневен настан кој се состои од неколку трки во планинско трчање и планинарење кои се одржуваат околу Марковите Кули, манастирот Трескавец и планината Бабуна. Оваа година КМТ ќе биде составен од четири трки – Трескавец Треил 16км, Камена Баба Треил 31км и Крали Марко Ултра Треил која со нејзините 90 километри ќе биде и прва официјална планинска ултрамаратонска трка.

_mg_5688

Настанот е во организација на здружението за планинско трчање TREX, Општина Прилеп и ПСД Макпетрол – Скопје.

За повеќе информации посетете го веб-сајтот www.kmt.mk

Се гледаме на старт – Почувствувај ја легендата, истрчај го митот!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.