Шести по ред Фестивал на медот во Прилеп

1

По шести пат вчера во Прилеп се отвори традиционалниот Фестивал на медот кој е во организација на прилепското пчеларското здружение „Братство“. Овој фестивал годинава е лоциран пред старата прилепска чаршија, и е своевидна промоција на здравата еколошка храна која за жал е се помалку присутна на трпезиите и преставува одлична можност за избор и дегустација на пчелните производи кои се своевидна лек – исхрана. Фестивалот свечено го отвори градоначалникот Марјан Ристески кој уште еднаш ја подвлече важноста од здравата исхрана како основен предуслов за правилен психофизички развој и ги покани граѓаните да дегустираат и изберат од широката понуда на мед .

2

3

4

5

6

7




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.