Илјадници прилепчани и вечерва маршираа низ градските улици на Прилеп и одново се спротивставија на албанската платформа од Тирана.
Вечерва со граѓаните на Прилеп беа и нивните сограѓани Турци, предводени од претседателот на македонско – турското здружение “Мустафа Кемал – Ататурк” од Битола, кој се обрати пред граѓаните, почестен од поканата да учествува на овие масовни граѓански собири.