Шекepинcка: CДCM има пpeтceдател кој е феминиcт

Слободно можам да кажам дека СДСМ има феминистички претседател, а тоа мора да се искористи, изјави денеска заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на вчерашната трибина по повод 8-ми март.

– Општеството се менува само тогаш кога храбри лидери и лидерки ќе се одлучат да се обидат, ќе имаат решителност и волја за промени. Ниту нашата земја, ниту СДСМ досега немала феминистички претседател. Сега слободно можам да кажам дека го има, и тоа мора да се искористи, рече таа.

Таа нагласи дека битката за правата на жените и за рамноправност често пати ќе ја прогласиме за завршена, но кога прв пат влеговме на пазар на труд, во семејните води и секако во партиските води сфативме дека битката допрва не чека, дека законот вели еднаква си, но некои се поеднакви од тебе.

– Ние сме горди социјалдемократи, први воведовме квоти во партијата и почнавме со 20 проценти. Денеска имаме 47% застапеност на листите и во Собранието на жените. Но, мора да продолжиме понатака. Ако ги погледнеме бројките каде нема квоти, во делот на градоначалнички, реалноста е многу слична како во деведесетите години. Тоа е нашата следна цел, рече Шекеринска, нагласувајќи дека целиот развој, битката за квоти, која изгледаше неверојатно, беше дело на СДСМ и треба да се потсетиме и да се пофалиме и тоа да ни даде дгордост и сила.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.