Швеѓаните бесни на мигрантите: По физичките напади, запалени 9 прифатни центри (ВИДЕО)

Граѓаните се против мигрантите кои секојдневно доаѓаат, а локалните шведски медиуми пишуваат и дека група маскирани луѓе претепувале мигранти кои се наоѓаат на железничката станица во Стокхолм.

 

kap-migranti-pozar

Колективните приватни центри во Шведска се палат, а се палат и оние објекти кои се планирани во иднина да бидат прифатни центри.

Пред да се случат серијата напади, низ Стокхолм се делеле летоци со ксенфобична содржина.

-Одбиваме да прифатиме уништување на нашето општество кое пред да дојдат беше сигурно. Ако нашите политичари и полицијата покажуваат поголема емпатија кон убијците отколку кон нас-жртвите, тогаш тоа не може да помине без протест. Кога веќе улиците во Шведска не се безбедни за по нив да се движат Швеѓаните, тогаш наша должност е да го решиме тој проблем, пишувало на летоците.

Шведска презема многу повеќе бегалци од било која друга европска земја, ако се гледа во однос на бројот на жители.

Според 100.000 азиланти кои се веќе во земјата и најавените 90.000 кои допрва треба да стигнат до крајот на оваа година, граѓаните на Шведска не би можеле да бидат гостопримливи како што беа некогаш.

Инаку серијата напади и опожарување на прифатните центри следат и се претпоставува дека се одмазда за убиството на 22-годишната Александра Метцер, која беше убиена од страна на малолентен мигрант.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.