Швајцарија го скрати кapaнтинот на пет дена

Швајцарија ќе го намали времетраењето на карантинот на пет дена за да и помогне на економијата да се справи со пандемскиот бран предизвикан од Омикрон варијантата на коронавирус, објави денеска швајцарската Влада.

Здравствените власти го одобрија тоа во вторникот, во време кога десетици илјади луѓе секојдневно се заразуваат со оваа многу заразна варијанта на вирусот.

Официјалните лица стравуваат дека бранот на пандемијата може да го преоптовари здравствениот систем во земја каде што две третини од населението се вакцинирани двапати, а 30 проценти исто така добиле дополнителна доза од вакцината.

Владата, исто така, предложи продолжување на ограничувањата на јавниот живот, заострени минатиот месец до крајот на март и воведување задолжителна вакцинација, како и во соседна Австрија.

– Епидемиолошката состојба е критична и тешко може да се процени, соопшти Владата.

Владата очекува зголемување на бројот на хоспитализирани поради многу големиот број заразени, иако варијантата Омикрон се чини дека е помалку опасна. Денеска се потврдени 32.881 новозаразени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.