Олеснетата натурализација опфаќа 25.000 внуци на доселенци, претежно од Италија, Турција и од Балканот.
Швајцарците денес на референдум гласаат за поедноставување на постапката за давање на државјанство и на внуците на доселениците.
Проценето е дека условите за “олеснета натурализација” ги исполнуваат 25.000 внуци на доселеници, претежно од Италија, Турција и од Балканот.
По предреферендумската кампања која беше обележана со полемики од популистите и антимуслиманската струја, медиумите очекуваат Швајцарците со поголем број гласови да го одобрат предлогот на Владата.
Ф.Г.