Медиумите пренесуваат дека германецот си најде нов клуб, но останува дали Манчестер Јунајтед ќе се откаже од неговите услуги.
Доколку Јунајтед се откаже од неговите услуги ќе мора да му исплати, или одштета, или 17 милиони фунти, доколку во наредните две години остане на “Олд Трафорд”.
Meдиумите во Италија пишуваат дека, Германецот се договорил со Јувентус.
Во Јуве би добивал по 4 милиони евра по сезона, што е дупло помалку од она што го зема во Манчестер, но би добил шанса за игра и освежување на својата играчка кариера.
Јувентус секако сака да го донесе без обештетување, што е и нормално. Тие знаат дека Јунајтед сака да спаси пари, кои мораат да му ги исплатат на популарниот Швајни.
Сега на потег се Англичаните, во случај да дадат дозвола, би заштедиле на неговата плата, што не е занемарлива работа.
Од друга страна, во Италија мислењата поделени. Дел сметаат дека ова е добар потег и би значел нов трансфер како оној на Пирло, а други тврдат дека овој потег на “старата дама” е погрешен.
А.Г.