Шахтите во Лерин, со сонцето од прилепско БОНЧЕ (Фото)

Наш читател ни испрати фотографија од шахтите во Лерин во Грција, на кои е претставено шеснаесеткракото сонце oд Кутлеш и прилепското село Бонче.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на неодамнешната седница на Собранието наменета за пратенички прашања, му одржа лекција на премиерот Заев околу шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

Ласовска зборуваше за книгата “Антички македонски штитови од Пелагонија” и за сонцето кое е пронајдено на штитовите во локалитетот на прилепското село Бонче.

Пратеничката му укажа на премиерот дека сонцето од Кутлеш не е ексклузивно право само на нашиот јужен сосед, како што тоа е предвидено со Преспанскиот договор, туку и право на македонскиот народ.

Премиерот потоа влезе во конфликт со Ласковска дофрлајќи од место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.