“Шахот – порано атракција, сега cpaм за гpaдот”

Фејсбук статус на поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески

Беше еден од поубавите проекти кој го красеше централното градско подрачје и Арт плоштадот…
Изработен од бел прилепски мермер, црн гранит и оникс со помошни шаховски масички околу него, клупи, осветлување и зеленило…

Шахот беше магнет не само за љубителите на оваа древна игра, туку посебно претставуваше вистинска атракција за најмалите-децата!

Секојдневна глетка беше како децата едноставно се “борат” со шаховските фигури и ги преместуваат од едно на друго шаховско поле, покрај среќните и насмеани родители …
Едноставно и уникатно катче – едно од најпосетуваните места во градот… како природно да си го нашло своето место,навистина беше полн погодок за прилепчани!!

Денес, Шах – платото е срам за градот: празно и оштетено без фигури, искршени клупи и масички,расипано осветлување, неисфарбано… со исушено зеленило, како да го оставиле на заборавот на времето…

Дали и ова ќе биде уште еден од низата уништени проекти направен од претходната ЛС⁉️

Тешко ли е да го одржуваат… или суетата и љубомората секогаш ќе бидат пред сè⁉️




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.