Шарените гласно молчат: Блиндиран Мерцедес за 600.000 евра, а сега цвеќиња и пластични цвеќиња за 730.000 евра и тоа годишно

Владата се соочува со нов скандал, а тоа е набавката на цвеќиња, природни и вештачки, за одржување на зелените површини за што само владата ќе плати 783 000 евра за една година. Според објавата на Електронскиот систем за Јавни набавки склучен е договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Триста-груп“ ДООЕЛ Скопје.

Ова е најголем износ за цвеќиња кои, патем, во еден дел и се изнајмуваат од фирмата Триста што било која влада во Македонија од осамостјувањето го платила за оваа намена. Бизнисот со цвеќиња сам по себе е сомнителен и затоа што никогаш нема да се утврди колку цвеќиња се навистина засадени, колку се режани цвеќиња испорачани и колку пластични цвеќиња се изнајмени на одредено време бидејќи се работи за производ кој е времено присутен и не може да се утврди со попис, а парите во износ од 783.000 ќе се дадат, пренесува Вечер.

Претходно, максималната сума која владата и ја платила на фирмата Триста, била 47.000 евра. Меѓу скапите клиенти на фирмата е и општина Карпош со 56.000 евра. Општина Кисела Вода и платила на Триста дури 40.000 евра за цвеќиња. Кога ќе се соберат сите износи кои владата и општините предводени од СДСМ ги даваат за оваа намена износот е околу 900.000 евра и сите тие решиле набавките да ги прават само од една фирма, од Триста дооел Скопје.

Според реакциите на ВМРО-ДПМНЕ при промена на власта една од работите кои ќе бидат анализирани како сомнителни ќе биде и овој тендер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.