Шапевци се чуварите на вкусот на македонска традиција од Крушево

IMG_3877

-“Aко си бил во Крушево, а не си го посетил Шапе, исто како да не си бил”. Ова ќе ви го рече секој Крушевчанец и секој оној кој го посетил ресторанот на Шапевци во Крушево. Историја долга повеќе од 30 години, вкусот на македонската традиција, амбиент за боеми, кралска трпеза, сето на едно место, направено со многу љубов од рацете на врвни мајстори. Ресторан Шапе е единственото место кое носи име на човек што живеел во Крушево.

12626191_10207778172246136_1704998378_n

12498945_10207778172446141_1291652106_n

Ресторанот на Шапевци е приказна која долго време ќе ги опива вашите мисли, ќе ве натера со сласт да се сеќавате и да раскажувате.

IMG_3951

Само да ги погледнете ѕидовите на ресторанот, ќе ви проговорат и ќе ви ги пренесат сите насмеани лица кои поминале тука, сите забавни случувања, ќе ви го стоплат срцето и душата, и ќе знаете дека само тука сте биле вистински боеми.

Кај Шапе поминале политичари, амбасадори, естрадни уметници, гости од сите страни на светот. Секој од нив оставил впечатлива порака.

Жан Здравески, најмладиот oд семејството кој ја продолжува гурманската традиција, ќе ви ги раскаже сите анегдоти и интересни случувања поврзани со овој ресторан. Жан е голем човек со уште поголемо срце. Со гордост говори за својот ресторан, а има и зошто. Шапевци се познати по тоа што секогаш користат свое свежо месо и продукти при подготовката на специјалитетите. Ниту еднаш не ги послужиле своите гости со готово месо купено од продавниците.

1909905_10203812658790778_6595244391348101792_n

Храната која се подготвува тука е уметност за очи и мевлем за душа. Ќе се почувствувате дека сте нагостени како богови, со многу внимание, а ќе бидите запрашани и за вашето мислење, ваша сугестија, нешто што ретко каде се случува. Комитската плескавица, каре ќебапот, каре плескавицата, домашниот колбас се само дел од специјалитетите кои можете да ги дегустирате.

[Best_Wordpress_Gallery id=”181″ gal_title=”SAPE”]

Тука како највпечатливо би го одделиле Крушевското грне, кое кај Шапевци е приказна самото по себе. Комитски треба да се намачите за да го совладате, а впечатокот е вчудовидувачки.

IMG_3886За време на зимската сезона на ски патеките работи и Брвнарата Шапе, од каде со топол чај, кафе или некоја закуска можете да уживате во снежното Крушево и да се топите во прекрасните пејсажи.

12509587_10207363206552253_4989540686342384888_n

12553011_10207363069588829_1544947690324473813_n

12507308_10207363071348873_2371511189443426221_n

Вистинско репрезентативно место, не само за Крушево, туку и за целокупната туристичка понуда на државата.

Многумина ќе речат: – “Кога ќе се сетам на Крушево три работи ми идат во мислите. Едната работа е Шапе, втората е Шапе, а за третата и не можам баш да се сетам”.

И навистина е така, Шапевци се врвни мајстори кои покрај љубовта кон угостителството ги краси и љубов и патриотизам кон родниот крај Крушево. Се што прават, прават со желба да биде забележано и вкусно примено од нивните гости, а со тоа да ги направат задоволни и повторно да го посетат Крушево и нивниот ресторан.

За крај ќе ве поканиме да ги посетите, она што ќе го доживеете ќе ви остави трајно сеќавање.

10584354_10207778182766399_530692744_n

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.