Близначките Рози и Руби Формоса, кои беа родени со споени црева, денес ќе го имаат првиот училишен ден. Лекарите им прогнозирале само 20% шанси да преживеат бидеќи го делеле абдоменот и дел од цревата. Нивната мајка Ангела изјави дека девојките се возбудени што ќе одат во училиште.
“Пред четири години не можев да замислам дека ова ќе се случи. Кога бев бремена мислев дека никогаш нема да го видам нивниот прв училишен ден. Ова е прекрасно, благодарам на болницата Gosh”
Се присети колку и било тешко кога лекарите и откриле дека девојчињата се во ретка медицинска состојба која се случува еднаш на секои 200.000 пораѓања. Близначките се родени во Универзитетската болница во Лондон. Тие биле префрлени во GOSH болницата каде се и оперирани.
“Времето брзо помина, пребрзо. Нивната постара сестра е веќе на школо, така што и тие се возбудени. Многу се слични, тврдоглави и одлучни”