Македонија ја елиминираше Италија и на 29. март ќе игра против Португалија за пласман на Мундијалот во Катар.
Италијанците имаа над 30 шутови кон голот на Столе Димитриевски, а најкобен можеше да биде оној на Берарди во 29-та минута од натпреварот, кога при грешка на нашиот голман напаѓачот на Италија шутираше млитаво, а Столе стигна да ја поправи својата грешка.
За оваа шанса Италијанците ќе жалат во наредните четири години.