Шамap од ЕУ: Наместо датум Македонија ќе добие „рамка“ ?!

Наместо датум за Европската Унија, благодарение на Заевото владеење, ќе добиеме „јасна рамка“. Ова го потврди и претседавачот Хрватска. Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека хрватското претседавање со Европската Унија преку Самитот во Загреб во мај годинава ќе им даде на земјите од Западен Балкан „јасна европска перспектива, јасна временска рамка, но и методологија за идните преговори“ – пишува порталот “Курир.мк”.

Шансите за Македонија да добие датум за преговори во мај или пред мај се рамни на нула. Тоа мора да ни биде јасно и да бидеме свесни дека проблем се и нашите реформи, вели аналитичарот Ристо Никовски за Курир

Жешка шлаканица за Македонија. Шансите на нашата држава во мај се еднакви на нула, бидејќи домашната задача- да нема криминал, да нема рекет, да нема корупција, а да има реформи- не е завршена.

Наместо датум за Европската Унија, благодарение на Заевото владеење, ќе добиеме „јасна рамка“. Ова го потврди и претседавачот Хрватска.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска изјави дека хрватското претседавање со Европската Унија преку Самитот во Загреб во мај годинава ќе им даде на земјите од Западен Балкан јасна европска перспектива, јасна временска рамка, но и методологија за идните преговори. Тој во интервју за Франс 24 повтори дека очекува претставување на предлогот за одредени модификации на методологијата на преговарачкиот процес и дополнителен извештај за напредокот на Северна Македонија и на Албанија. Наведе дека тоа ќе доведе до постигнување на политичко решение и ќе ја врати довербата на двете земји пред Самитот на ЕУ во Загреб.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.