Иако се мало училиште во рурална средина, yчениците од ООУ “Страшо Пинџур” од прилепско Мало Коњари, имамаат големо спортско срце и спортски дух кој секојдневно го негувааат и надоградуваат.
Училишната екипа за футсал од 8 и 9 одделение во женска конкуренција, предводена од наставникот по физичко образование Иле Мишески, е неприкосновенена оваа учебна година на општинските, зонските и регионални натпревари, и е единствен претставник од општина Прилеп на Малите олимписки игри во Валандово, кои ќе се одржат на 18.05.2023 година.
Ова училиште уште еднаш потврди дека е училиште со силни и здрави спортски вредности. Да им посакаме успешни натпревари, и со медал да се вратат од ова натпреварување.
ДЕВОЈКИ ВИЕ СТЕ ШАМПИОНИ!