Преку освојување на првото место на квалификациите во Струга, прилепскиот женски шаховски клуб “Пелагон” се избори за пласман во Првата женска шаховска лига на Македонија.
Нашите натпреварувачки забележаа четири победи над: екипите на “Шах-шех” и “4-ти Ноември” од Битола, како и над “Капабланка” и “Дамин гамбит” од Скопје.
Над сите противници шахистките од “Пелагон” забележаа убедливи победи, а во составот беа: Јустина Дутка, Викторија Велеска, Теодора Ѓорѓиеска и Маја Дамеска.
Да им честитаме за успехот и да им посакаме голем успех во прволигашкото друштво идната сезона.