– Не паѓаме на вашите провокации – им порача српскиот репрезентативец Лука Миливојевиќ на Албанците од репрезентацијата на Швајцарија, два дена пред мечот од второто коло на Група Е на Светското првенство.
Српскиот репрезентативец смета дека тој и соиграчите во петок нема да “паднат” смешните провокации од Шаќири и Џака.
Имено, тие претходно го имаа ставено косовското знаме на копачките.
– Мене тоа ми е смешно, мислам дека Митар добро кажа, ако се тие толку големи патриоти, зошто не играат за таа држава? Од друга страна тие се обидуваат на сите начини да не провоцираат, но ние нема да паднеме на тоа ниво, се фокусираме на играта и даваме максимум… изјави Лука.